text size
После неколку последователни години на континуиран раст, домашниот осигурителен пазар забележува пад во првите три месеци годинава, покажуваат податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Во првиот квартал, бруто полисираната премија (БПП), односно вредноста на сите договорени полиси кај осигурителните компании е помала за 4,38 отсто во однос на истиот период лани, и изнесува 4,7 милијарди денари (околу 76,5 милиони евра).