text size
Цените на земјоделските производи на годишно ниво во септември поскапеле за 9,7 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Покачувањето на цените е поизразено кај добиточното производство, каде што годинава во септември се за 19,6 отсто повисоки од истиот месец лани, додека кај растителното производство разликата во цените на аутпутот на годишно ниво е 5,8 проценти.