text size
Македонија спроведува здрави и соодветни економски политики. Тоа беше потврдено и со веќе завршените преговори за користење на Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) на оваа меѓународна финансиска институција. Истото беше констатирано и на средбaта на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик генералниот директор на ММФ, Бо Ли, која се реализираше во седиштето на ММФ во Вашингтон.