text size
Постои голем туристички потенцијал во земјава. Со подобра промоција на туристичката понуда и можности, значително ќе се зголеми бројот на туристи кои од Јапонија доаѓаа во нашата земја и обратно, констатираа денеска на средбата претседателот на Туристичко-угостителска комора и потпретседател на Сојузот на стопански комори задолжен за меѓународна соработка, Аркан Керим и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада.