text size
Македонија во изминатиов период бележи континуиран пораст на бројот на туристи кој во минатата година достигнал над 1,3 милиони лица од кои 916.000 биле гости од странство. Станува збор за значително зголемување ако се земе предвид дека пред една деценија, во 2015 година вкупниот број на туристи во земјава изнесувал околу 816.000 лица, од кои околу 485.000 биле странски туристи.