text size
Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир.