text size
Невработеноста во третото тримесечје во земјава се намали на 14,3 отсто, во споредба со претходните 14,5 проценти во вториот квартал, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Или, во апсолутна бројка, во периодот од јули заклучно со септември имало 115.266 невработени лица, додека во претходните три месеци таа бројка била за 2.000 поголема, односно невработени биле 117.276 лица.