text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, што е зголемување за 13,3 проценти во однос на истиот месец претходната година, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Сепак, поради високата инфлација во овој период реалната нето плата бележи пад од 5,2 проценти.