text size
Продолжува растот на извозот и зголемувањето на бројот на работни места во Технолошко индустриските развојни зони - ТИРЗ. Како што информираат од ТИРЗ, редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20 отсто повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26 отсто во однос на 2021, односно 53 отсто во однос на 2020 година, а е на исто рамниште со февруари минатата година.