Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44,6 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5,4 милијарди денари (89 милиони евра), што е за 58,7 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 се наменети за објекти од високоградба, 37 за објекти од нискоградба и 101 за објекти за реконструкција.
Од вкупно 337 објекти, на 199 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61.866 квадрати.