Економија

Следната недела: Зошто недостигаат авиолетови кон регионални центри

Автор: Владимир Николоски

17 март 2023, 09:55

Кои се новите трендови во трговската размена во регионот?

Како влијае инфлацијата врз потрошувачката?

Каде одат Македонците на сезонска работа?

Bloomberg

Какви се најновите трендови во надворешнотрговската размена на Македонија и на земјите од регионот Адрија и што се очекува до крајот на годината ќе можете да прочитате во новата анализа на тимот аналитичари на „Блумберг Адрија“ што ќе ја објавиме в понеделник.

Македонија никако не може да излезе од инфлаторниот вител. Ќе истражиме како влијае монетарното затегнување врз потрошувачката од една страна и колку македонски граѓани се принудени да се задолжуваат за да ги покријат зголемените трошоци. Од друга страна ќе видиме како влијае врз инфлацијата зголемувањето на пензиите и на минималната плата.

Авиотранспортот во нашата земја често знае да биде вистински предизвик поради недостигот од директни летови до повеќе европски и регионални центри. Анализираме зошто сме толку слабо поврзани и зошто Македонија се разликува од другите воздухопловни пазари во Европа.

Во текот на неделата ќе може да прочитате каде одат македонските граѓани да работат како сезонски работници и какви се можностите за заработка. Истовремено прашуваме што прават македонските работодавци да ги задржат вработените во услови на зголемена миграција и недостиг од кадар.  

Ќе направиме осврт и на најновите трендови на пазарот на електрични возила и ќе можете да прочитате какви се реакциите на меѓународните пазари по најновото затегнување на монетарната политика од страна на ЕЦБ.