Блумберг Адрија ТВ

Наумоски: Македонија не е загрозена од случајот Кредит Суис

Автор: Ирена Каревска

20 март 2023, 16:16

Нашиот банкарски систем има традиционален деловен модел и не зависи многу од ризичните обврзници

Потребна е внимателност

Случувањата со Кредит Суис немаат директни последици врз македонската монетарна економија, вели во интервју за „Блумберг Адриjа“, универзитетскиот професор Синиша Наумоски, оценувајќи ја историската фузија меѓу УБС и Кредит Суис како позитивна вест, бидејќи вели стабилноста повторно се враќа.

Тој посочува дека овој случај, како и пропаѓањето на неколку американски финансиски институции нема да имаат директни последици врз нашиот систем, бидејќи е позициониран на традиционалното банкарство. 

„Изложеноста на македонскиот банкарски систем е некаде 5 до 6,6 проценти што значи дека нашето портфолио е диверзифицирано и не зависи толку во однос на ризичните обврзници. Нашиот банкарски систем има традиционален деловен модел и нема да има директна загрозеност, но секако мора да сме внимателни.“, вели Наумоски.