Маржите одмрзнати, ќе нѐ „замрзнат“ ли новите цени?
Испитавме што се случува со цените во маркетите по одмрзнувањето на трговските маржи.
пред 6 часа
26 мај 2023, 09:45
Просечната плата во март се зголемила за над 12 отсто
Од почетокот на летото стартува единствениот пазар на трудот во Македонија, Србија и Албанија
Увозот на нафтени деривати лани се зголемил за над 20 отсто
МИА
Платите и натаму се топ тема во земјава. Не само затоа што овој месец функционерите се офајдија со 78 отсто зголемување туку и затоа што просечната плата за март стигна до 35.000. Е, сега, замислете колку ќе изнесува просечната плата за април, кога во просекот ќе влезат зголемените примања на оние 1.060 функционери.
Токму цените на енергентите беа причина за високата инфлација лани. Експертите сега гледаат забавување, очекуваат дека до крајот на годината инфлацијата може да стане едноцифрена, но и натаму има предизвици. Дел од тие предизвици, според аналитичарите на „Блумберг Адрија“, се цените на храната и растот на платите. Предизвик повеќе за инфлацијата се банките во земјава, кои бавно се приспособуваат кон мерките на НБРМ и бавно ги зголемуваат каматите.