text size
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека сите чинители во општеството треба да се вклучат во намалувањето и сузбивањето на сивата економија. Според него, се додека мислиме - може и без фискална сметка, придонесуваме за оваа „рак рана“, со која, како што вели, се соочуваме 32 години.