text size
Народната банка ги објави податоците од доменот на платежната статистика за првиот квартал од 2023 година кои покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, или т.н. платни налози.