text size
За шест месеци преку меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првата половина од годинава се превезени 1.338.406 патници, што претставува годишен пораст од 41 процент, соопшти денеска концесионерот на аеродромите „ТАВ Македонија“. Споредено со 2019 година, која се смета за година на авијацијата, бидејќи беше најсилна година од аспект на патничкиот сообраќај пред да се случи кризата со пандемијата, „ТАВ Македонија“ има 15 проценти повеќе патници во првата половина од оваа година.