Министерство за економија подготвува предлог-закон за трговските друштва врз основа на препораките од годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Предлог-законот се подготвува бидејќи е потребно понатамошно усогласување на националното законодавство со регулативата на Европската унија, кое се однесува на употребата на дигиталните алатки, прекуграничните статусни промени и преобразби, правилата за охрабрување на долгорочниот ангажман на акционерите, како и усогласување со европското законодавство во областа корпоративно сметководство и ревизија.
„Со предлог-законот се очекува постигнување пошироки општествено – економски цели, а тоа се понатамошен раст и развој на приватниот сектор преку поефикасно функционирање на трговските друштва, подобрување на правното и институционалното опкружување за работење и за вложување во земјата и поголемо приближување и воедначување на трговската легислатива со легислативата на земјите членки на Европската унија“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...