text size
Нема спојување на концесиите за ископ на минерални суровини во Иловица од страна на „Еуромакс ресорсис“. Владата на вчерашната седница ја поништила својата одлука од пред еден месец, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека тој бил воздржан при гласањето.