text size
Пад на индустриското продизводство на месечно ниво и забавен раст на годишно ниво регистрира Државниот завод за статистика. Според податоците објавени во четвртокот индустријата пораснала во јули годинава за еден отсто споредено со истиот месец лани. Во јуни беше регистриран годишен раст од 3,7 проценти, во мај од 6,7 отсто, што упатува на забавување и надолен тренд на производството. Во јули во споредба со јуни е регистриран минимален пад од 0,8 проценти.