text size
Министерството за економија ќе донесе мерки што ќе бидат во корист на граѓаните, особено на категориите граѓани што имаат најголема потребa, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој вели дека во моментов е при крај подготовката на предлог-ребалансот на буџетот и најверојатно до крајот на неделата, најдоцна почетокот на наредната недела, ќе бидат објавени и новите проекции и мерки. Минатата недела Филип Николовски, заменик-министерот за финансии, за „Блумберг Адрија“ изјави дека нема да се прави ребаланс на буџетот, туку ќе се направи само прераспределба на буџетските ставки.