text size
Повисок економски раст од оваа година, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во буџетот, кој до средината на овој месец треба да се достави до Собранието на усвојување, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите.