text size
Граѓани, компании и институции осигуриле повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, мотоцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за пет отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).