text size
На покана на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Централната банка на Франција, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на „Регионалниот форум за развој на капацитетите“, организиран од овие две институции, зборувајќи за позитивните достигнувања на нашата централна банка во сферата на транспарентноста, макроекономското моделирање и стрес тестирање на банкарскиот систем, за коишто поддршката од ММФ беше од исклучително значење, соопшти НБМ.