text size
Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Гевгелија утрово беше во прекин заради штрајкот на вработените на фабриката за шински возила „Колска“. Тие го блокираа сообраќајот затоа што УЈП шест месеци им ја блокира сметката, а Владата и Министерството за транспорт и врски не го решаваат статусот на оваа државна фирма веќе 20 години.