text size
Државниот завод за статистика забележа пад на индустриското производство во април годинава за 1,2 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 0,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 39,6 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај капиталните производи за 17,2 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, додека опаѓање бележи кај енергијата за 37,1 проценти, интермедијарните производи за 1,3 проценти и трајните производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти.
Индустриското производство во периодот јануари – април 2024 година, во однос на периодот јануари –април 2023 година бележи пад од 2,6 проценти.