text size
Естетската корекција стана неизоставен дел од современото општество, со значителен раст на побарувачката во последната деценија. Додека едни ја гледаат како начин за подобрување на физичкиот изглед и самодовербата, други ја критикуваат како феномен што ги промовира нереалните стандарди за убавина. Во Македонија трендот за естетска хирургија се движи континуирано во нагорна линија, но за разлика од соседните земји, како Србија или Хрватска на пример, помал број граѓани се решителни за таков вид на разубавување. Естетската корекција често се смета за луксуз, бидејќи не е медицински неопходна туку се прави по желба на самиот пациент за подобрување на физичкиот изглед, не подлежи на медицинско осигурување, а трошоците за овие третмани се високи за животниот стандард.