text size
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин договорија испораки на руски дизел за глобалниот пазар. Овој потег од темел ги менува долгогодишните санкции кон Русија. Истовремено, Белата куќа побара од украинскиот лидер Володимир Зеленски да ги запре нападите на руските рафинерии, но и да размисли за повлекување од позицијата претседател на Украина.
Рускиот дизел е последната надеж на Трамп дека ќе успее да ги намали цените на горивата што значително го нагризуваат буџетот на американските домаќинства во пресрет на изборите за Конгресот на САД следниот месец. Сепак, експертите велат дека цените најверојатно нема да паднат.
Германија прва се огласи по договорот меѓу Трамп и Путин. Официјален Берлин го опомена американскиот претседател да не ја враќа Русија на светската сцена, канцеларот Мерц заедно со Зеленски побара целосен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. Во меѓувреме Русија нападна украински електроцентрали и го поткопа примирјето на Трамп, а Украина ги обнови нападите на руските нафтени рафинерии.
И додека Европа се соочува со свет во кој Трамп му помага на Путин, енергетските компании повторно ќе го предводат растот на заработката во Европа.
Неделава и Хутите ги засилија нападите, гранатирано беше седиштето на „Сауди Арамко“. Зачестија и нападите врз бродовите во Ормускиот Теснец. Меѓународната агенција за енергетика најави ослободување на 100 милиони барели нафта од резервите, а ОАЕ пумпаат нафта со рекордно темпо и покрај војната во Иран.
Друга тема што го окупираше светското внимание е планот на Европската Унија за намалување на зависноста од Кина. Она што почна како ограничување на увозот на хибридни возила, продолжи со барањето на Германија ЕУ да воведе ограничувања за увоз од Кина во повеќе сектори и кулминираше со закана за целосно затворање на европскиот пазар за кинеските производи. Паралелно, „Експенг“ сака да стане новата „Тесла“, а ќе произведува во Грац, а БЈД планира да вработи 40.000 луѓе во Европа до 2030 година. Оттука, легитимни се прашањата дали Европа погрешно ја сфаќа политиката „Произведено во Кина“ и дали ризикува поголем трговски судир со земјата.
Прочитајте повеќе:
Владата со дискреција ќе може да ги отуѓува државните претпријатија
Како големите банки од Волстрит инкасираат милијарди на нестабилен пазар?
Во земјава централна тема останува животниот стандард. Анализите покажуваат дека Скопје е најевтино, но со најнизок квалитет на живот во регионот Адрија. Македонија падна на последното место во регионот по економското расположение, а анализиравме што најмногу поскапе во Македонија и во регионот од пандемијата до денес и до кога овие земји ќе добиваат милијарди од дијаспората.
Добрата вест од земјава е дека „Алкалоид“ и „Макпетрол“ се меѓу топ три „премиум генератори на готовина“ во регионот Адрија.
Пазарите се приспособуваат на вестите за идните движења на каматните стапки. По говорот на првиот човек на Фед, со кој тој ги намали очекувањата за ново зголемување овој месец, акциите и фјучерсите пораснаа. Фед ниту за следната година не гледа потреба од зголемување на каматните стапки.
Од другава страна на Атлантикот, ЕЦБ веројатно повторно ќе мора да ги зголеми каматните стапки, но некои од гувернерите сметаат дека пазарите може да ја намалат потребата ЕЦБ да ги крева каматите.
Се вклучуваат црвените аларми за ВИ-секторот, а „Енвидија“ објави дека би ги оставила без чипови клиентите што развиваат небезбедна ВИ. Анализиравме и како треба да изгледаат заштитните механизми за ВИ и кој ја презема одговорноста во компанијата кога ботот ќе направи грешка што чини многу пари.