text size
Големата концентрација на државни претпријатија може да се поврзе со ниската ефикасност во одредени сектори, се наведува во последниот извештај на Светската банка (СБ) за земјава. Пренасочувањето на работната сила од државните претпријатија кон приватниот сектор би можело да го забрза растот на продуктивноста.