text size
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казнија месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок.