text size
Огромен интерес за одгледување и производство на екстракти од медицински канабис има во Македонија во изминативе неколку години откако во 2016 година со нова законска регулатива овој бизнис беше легализиран и беа поставени основите за целосно нова индустрија во земјата. Најдобар показател за тоа е што од тогаш до денес издадени се лиценци за одгледување на медицински канабис на 65 компании, а се проценува дека во овој сектор се инвестирани околу половина милијарда евра од домашни и од странски инвеститори. Со тоа нашата земја е прва во регионот која го следи трендот на легализација на употребата на канабис за медицински цели, којшто е во полн подем во САД, а сега веќе зема силен замав и во Европа.