text size
Македонија и по овие најавени даночни реформи, иако формата се уште не е утврдена затоа што почна само јавната дебата, ќе остане релативно стабилна и релативно поволна инвестициска дестинација по даночната политика, изјави утрово при гостувањето на Блумберг адриа, Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони. Во најавените даночни реформи кои предвидено е да стартуваат од следната година, меѓудругото се планира воведување на данок на реинвестираната добивка со стапка од 10 отсто што досега не беше даночна основа. Тоа ги засега и компаниите кои функционираат во зоните во земјава.