text size
За 17,3 проценти се намалиле договорените градежни работи во странство во првата половина годинава, споредено со истиот период лани. Податоците што ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите шест месеци годинава биле договорени проекти во вкупна вредност од 2,1 милиони евра, што е за 450.000 евра помалку од истиот период лани.