Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
„Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.691.127.000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (47,7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) за објекти од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција“, информираат од ДЗС.
Од вкупно 277 објекти, на 147 (53,1 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 550 станови, со вкупна корисна површина од 40.493 квадрати.
Прочитај повеќе
Македонското градежништво во слободен пад
Во првиот квартал од годината активноста во градежниот сектор се намали за 17,2 проценти
17.08.2022
Пад од 17 отсто на работата на македонските компании во странство
За 17,3 проценти се намалиле договорените градежни работи во странство во првата половина годинава, споредено со истиот период лани, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика
15.08.2022
Македонското градежништво почна да тоне
Девет месеци по ред има пад на активноста во градежниот сектор
20.07.2022