text size
Лозарите ќе добијат дополнителна помош од државниот буџет во висина од 2 денари за килограм грозје предадено во регистрирани капацитети. Ова денеска го соопшти премиерот Димитар Ковачевски откако претходно тој и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски седнаа на маса со лозарите и винариите да разговараат околу традиционално проблематичните откупни цени на грозјето.