text size
Има ли државата ефикасни механизми да ги даночи капиталните добивки што македонските резиденти (физички и правни лица) ги остваруваат од вложувања во странски хартии од вредност е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека, според евиденцијата на Народната банка, ниту едно физичко лице односно домаќинство во Македонија нема инвестициско портфолио во странство. Всушност, евиденцијата на централната банка не ги опфаќа вложувањата на резидентите преку различните онлајн платформи за инвестирање во странски хартии од вредност, кои, според познавачите на пазарот на капитал, стануваат сѐ попопуларни меѓу македонските граѓани. Според регулативата, капиталните добивки остварени на странските пазари на капитал во земјава подлежат на данок од 10 проценти.