text size
Бројот на слободни работни места во Македонија заклучно со четвртото тримесечје од 2025 година изнесувал 10.615, што е убедливо највисока бројка за повеќе од една деценија. Новиот рекорд е само потврда дека во земјава веќе подолг период постои хроничен недостиг од работници во повеќе сектори. Меѓу главните причини за ваквата состојба се нискиот стандард на работниците во Македонија поради што расте бројот на македонски граѓани кои се иселуваат и среќата си ја бараат надвор, како и лошите демографски политики кои придонесоа кон континуиран негативен природен прираст.