text size
Растот на потрошувачките цени во светот може да се ближи до највисоката точка во овој циклус, но и натаму може да се покаже како тврдоглав, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Во неделата во која податоците за инфлацијата во октомври во САД може да покажат уште едно ниво од околу 8 отсто, Георгиева зборуваше за Блумберг ТВ во рамките на годишниот самит за климатските промени, кој се одржува во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик.