text size
Претседателот Џереми Пауел сигнализира дека Федералните резерви (ФЕД) ќе го забават темпото на зголемување на каматните стапки следниот месец, истовремено нагласувајќи дека трошоците за задолжување мора да продолжат да растат уште некое време за да се победи инфлацијата. Неговиот коментар, во говорот одржан синоќа на институтот „Брукингс“ во Вашингтон, веројатно ги зацврстува очекувањата дека ФЕД ќе ја зголеми каматната стапка за 50 базични бода, кога банкарите ќе се состанат на 13 и 14 декември, по четири по ред покачувања од 75 базични бода.