text size
Шефот на Федералните резерви, Џером Пауел, во средата, по дводневниот состанок, објави дека американската централна банка нема намера да отстапи од кампањата против инфлацијата, а и од зголемувањето на каматните стапки. Задолжувањето следната година ќе биде уште поскапо отколку што сега очекуваат инвеститорите, беше пораката по објавувањето на покачувањето на каматните стапки на ФЕД за уште 50 базични поени.