Неочекуван раст на продажбата на нови станови и куќи во САД
Извор: Augusta Saraiva/Bloomberg
23 мај 2023, 22:07
Купувањето нови семејни домови во САД во април се зголеми за 4,1 отсто на годишно ниво
Според податоците, во април се продале 683.000 нови станови, а аналитичарите очекуваа 665.000
Просечната продажна цена на нов дом падна за 8,2 проценти споредено со лани, на 420.800 долари
Bloomberg Mercury
Продажбата на нови домови во САД неочекувано се зголеми минатиот месец на највисоко ниво од март 2022 година, што покажува дека градежниците продолжуваат да имаат корист од ограничените резерви на пазарот.
Купувањето нови домови за едно семејство се зголеми за 4,1 отсто на годишно ниво. Владините податоци објавени денеска покажуваат дека во април се продале 683.000 нови станови и куќи, за разлика од март, кога нивната бројка изнесувала 656.000. Постигнатата бројка е над просечната процена во анкетата на „Блумберг“, спроведена меѓу економистите, според која се очекуваше да се продадат 665.000 дома.
Просечната продажна цена на нов дом падна за 8,2 проценти во однос на претходната година, на 420.800 долари, што претставува најголем пад од април 2020 година и е одраз на зголемените купувања поевтини куќи.
Продажбите се зголемија откако го достигнаа повеќегодишното ниско ниво во средината на 2022 година. Постепеното зголемување на побарувачката сугерира дека изградбата на станови сè помалку ја оптоварува економијата.
И покрај хипотекарните стапки, кои се околу двојно повисоки отколку што беа на крајот на 2021 година, инвеститорите ги прифатија поради недостигот од резерви на домови. Покрај тоа, расположението на градежниците е на највисоко ниво во последните десет месеци, делумно одразувајќи поголем оптимизам за очекувањата за продажба. Инаку, продажбата скокна речиси за 18 проценти на југ, што е најбрзо темпо од почетокот на минатата година.
Според Роберт Диц, главен економист во Националната асоцијација на градежници, новите градби сега сочинуваат речиси една третина од станбените објекти. Набавките за нов дом обично сочинуваат повеќе од 10 проценти од вкупната продажба и се пресметуваат при потпишувањето на договорите.
Tрговските тензии генерално имаат негативно влијание врз економскиот раст, но во некои сценарија би можеле да ја намалат стапката на инфлација, вели Вујчиќ.