Свет

Кина сè уште не ги менува каматните стапки

Извор: Iris Ouyang/Bloomberg

17 јуни 2024, 08:48

Аналитичарите очекуваат кинескиот БДП да порасне за 4,9 отсто годинава

Од банкарскиот систем беа повлечени нешто помалку од осум милијарди долари

Народната банка во моментов посветува најголемо внимание на курсот на јуанот и на вишокот ликвидност

Кина сè уште не ги менува каматните стапки

Bloomberg

Кинеската централна банка одлучи да не ги менува каматните стапки десетти месец по ред и покажа претпазливост во давањето поддршка на економијата поради вишокот ликвидност и можното слабеење на јуанот.

Народната банка на Кина ја задржа каматната стапка на едногодишните заеми на 2,5 отсто, како што очекуваа аналитичарите анкетирани од „Блумберг“. За да спречи вишок ликвидност, банката повлече 55 милијарди јуани (7,6 милијарди долари) од банкарскиот систем.

Одлуката покажува дека монетарните власти повеќе се грижат за стабилноста на валутата отколку за пониските трошоци за задолжување. Да потсетиме, економското закрепнување на втората по големина економија во светот не оди како што најавија официјалните лица.

Доцнењето на помошта за економијата би можело да ги намали надежите за монетарно олеснување што ги задржа приносите на обврзниците блиску до најниските две децении.

„Намалувањето на каматните стапки ќе биде од корист за економијата во моментот“, бидејќи кредитирањето е забавено, рече Лин Сонг, главен економист за кинеските пазари во „ИНГ банк“. „Веројатно Народната банка одлучи да ги остави каматните стапки на исто ниво поради нејзиниот главен приоритет, а тоа е стабилноста на девизниот курс на јуанот во моментов“, додаде тој.

Покрај курсот на јуанот, банката ќе мора да ги земе предвид нето-каматните маржи на банките кога ќе одлучува дали да ги намали трошоците за задолжување, според два одделни извештаи на државните медиуми во Кина.

Закрепнувањето на кинеската економија не оди добро. Податоците објавени во текот на денот покажаа дека индустриското производство го забави растот во мај, иако продажбата на мало позитивно ги изненади аналитичарите.

И покрај обидите на Владата преку емисија на обврзници да собере средства за инфраструктурни проекти, долгогодишната криза на пазарот на недвижности продолжува. Цените на становите во мај паднаа и повеќе од очекуваното.

Извозот порасна повеќе од очекуваното во мај, а инфлацијата забрза, но побавно од очекуваното. Од друга страна, активноста во фабриките минатиот месец неочекувано падна.

Курсот на јуанот се стабилизира во Кина и на другите пазари по објавувањето на одлуката на банката. Приносот на 10-годишните обврзници не се промени многу и изнесува 2,26 отсто.

Според последното истражување спроведено од „Блумберг“, економистите за Кина очекуваат економски раст од 4,9 отсто за годинава. Тоа е блиску до целта од пет проценти што ја постави кинеската влада, иако аналитичарите велат дека ќе бидат потребни дополнителни мерки за поддршка на економијата за да се постигне таа цел.

Фед пред одлука за каматните стапки - аналитичарите не очекуваат промена
Свет

Фед пред одлука за каматните стапки - аналитичарите не очекуваат промена

Претставниците на Фед на денешниот состанок веројатно ќе одлучат да ги задржат каматните стапки на истото ниво, купувајќи со тоа време да проценат како политиките на претседателот Трамп ќе влијаат врз економијата.

19.03.2025

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите