text size
Турција ќе воведе минимален корпоративен данок од 10 проценти за компаниите почнувајќи од 2025 година, што треба да помогне во намалувањето на нејзиниот буџетски дефицит. Домашната минимална даночна стапка за корпоративната заработка нема да биде под 10 проценти пред одбитоците и ослободувањата, се вели во декретот објавен денеска во Службен весник од Министерството за финансии.