Челинџер ет ворк (Challenger@work) e мобилна апликација проследена со веб-платформа, која нуди следење статистики на компаниско и индивидуално ниво.
Целта е овој продукт да им обезбеди на компаниите да добијат алатка, за да ги мотивираат вработените да практикуваат одржливи навики. Тоа, секако, помогнато со употреба на елементи на натпревар, а најактивните вработени и тимови да добијат награда.
Преку веб-платформата компаниите добиваат директна визуализација на начинот на кој нивниот тим и вработени придонесуваат за заштита на животната средина и за исполнување на целите за одржлив развој на ООН. Главната цел на предложениот проект е воведување нови функционалности на постојниот производ што директно ќе придонесат за остварување на целите на развојот.
Новите функционалности што треба да бидат развиени со помош на ова финансирање се:
- Храни се здраво - приготвување здрави рецепти со минимален отпад од храна.
- Волонтирај и донирај во локална невладина организација.
- Подобри ја физичката активност.
- Рециклирај.