Во нашата фабрика „Green Machines“ (Грин Машинс), лоцирана во БРАКО во Велес имаме комплетно производство на современи возила за одржување на хигиена во урбани услови.
Во портфолиото имаме осум типа на возила, а особено се издвојуваат четири возила кои се целосно на електричен погон и едно возило кое е на погон на водород. Сите овие возила се многу ефикасни и ефективни, најдобри во своите категории и се со нула штетни емисии во атмосферата.Инаку токму возилото наречено GM 500 H2, е револуционерно во својата категорија бидејќи е првото и сеуште единствено такво возило на водород како погонско гориво. Ова возило веќе се користи во урбаните средини на Амстердам, Ротердам, Париз, Келн и други градови во Европа, Северна Америка и Азија.
Нашето производство е насочено кон извоз, во моментов сме застапени во околу 50 земји во светот. Од особено значење е што последните наши четири модели на возила, вклучувајќи го и возилото на погон на водород, се целосно осмислени, дизајнирани и конструирани од инженерскиот тим на нашата фабрика.