Десетици земји бараат од КОП30 (COP30) како свој главен резултат да донесе јасен план за напуштање на фосилните горива, што го отворa патот кон забрзани последни денови на преговорите.
Во преполната сала на состанокот на Обединетите нации во вторникот, претставници на Маршалските Острови, Колумбија, Обединетото Кралство, Германија, Кенија и Сиера Леоне ја предводеа групата од дваесетина земји што повикуваат на конкретен пат кон постепено откажување од нафта, гас и јаглен. Организаторите на иницијативата тврдат дека повеќе од 80 земји стојат зад тоа барање.
Ова е досега најорганизираниот обид да се исполни ветувањето дадено пред две години на КОП28 во Дубаи – дека светот ќе започне да се оддалечува од фосилните горива. Застапниците тврдат дека ниту една од опциите за забрзување на транзицијата што се понудени во нацрт-договорот во вторникот не е доволна и повикуваат Бразил, домаќин на КОП30, да направи повеќе.
Прочитај повеќе
Климата стана (не)важна за светските лидери
Годинашната конференција на Обединетите нации за климата (КОП30) е неконвенционална и по својата локација и по пристапот на нејзините бразилски домаќини.
10.11.2025
Светот конечно ги намалува емисиите, но дали е доволно
И покрај рекордните инвестиции во зелени технологии, светот сè уште не ги намалува емисиите доволно брзо.
28.10.2025
Откритие наградено со Нобел може да ја реши глобалната криза за вода
Технологијата ја претвора влагата од воздухот во вода за пиење без потреба од струја...
16.10.2025
Науката повеќе не може да предвиди колку ќе биде силен следниот топлотен бран
Две третини од смртните случаи за време на најновиот топлотен бран во Европа се поврзани со климатската криза, покажува најновата анализа.
21.07.2025
„Ајде да застанеме зад идејата за јасна мапа за напуштање на фосилните горива“, изјави Тина Стеге, климатска претставничка на Маршалските Острови. „Тековната формулација е слаба и оставена како можност. Таа мора да се зајакне и усвои.“
„Зад нас имаме многу конференции за климатските промени и многу обиди оваа тема да се одложи. Времето е сега. Историјата бара од нас да дејствуваме“, изјави колумбиската министерка за животна средина Ирене Велез Торес.
Притисокот доаѓа еден ден пред да се врати во Белем бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва во обид да ја зголеми амбицијата на преговорите. Лула на почетокот на конференцијата бараше мапи за борба против сечењето на шумите и за транзиција од фосилни горива, но нацрт-текстот објавен во вторникот не го следи тој пристап.
Бразилците што го водат КОП30 сакаат в среда да го завршат првиот пакет на одлуки. Сепак, нацртот сè уште остава отворени неколку контроверзни теми, што ги одразува длабоките поделби околу енергетската транзиција, климатското финансирање и трговијата.
Британската климатска претставничка Рејчел Кајт опиша дека од воведното обраќање на Лула се создава бум зад идејата за мапа за повлекување од фосилните горива.
„Очигледно е дека различни земји имаат различни патишта“, рече Кајт. „Ова е простор во кој сето тоа можеме да го поврземе. Ова е една од работите што со текот на времето добиваат сила.“