text size
Реструктурирањето е ужасно време за вработените во која било компанија, но исто така е можност да се концентрираат на она што сигурно носи пари. Илон Маск направи толку длабоки резови во „Твитер“ (Twitter Inc), што сега неговиот тим бара од десетици работници да се вратат на своите позиции откако беа отпуштени минатиот петок, кога на околу половина од работната сила на компанијата ѝ беше покажана вратата. Во меѓувреме, „Мета“ (Meta Platforms Inc.) на Марк Закерберг објави дека отпушта илјадници свои вработени, од вкупно 87.000, што ќе биде прво масовно отпуштање во историјата на компанијата.