text size
Измина една од најпредизвикувачките години во поновата историја, која следуваше по две пандемиски, во кои разбравме дека ние имаме многу лекции за учење. Лекции за нас, но и за идните генерации. Во оваа смисла сите треба да разберат колку е важна енергијата што ја создаваме, зошто е важно да имаме сопствено производство на храна, зошто треба да сме еколошки многу повеќе освестени, зошто треба да штедиме и да се однесуваме одговорно. Македонија е посебна приказна, но таа, секако, е дел од овој регион и од глобалниот свет, во која некои процеси неминовно влијаат на сите. Изминатава 2022 година беше и година во која почна да функционира „Блумберг Адрија“, мултимедиумска платформа што,освен во Македонија, функционира и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во Словенија.