Американскиот конгломерат „Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway) ќе вложи 287,4 милијарди јени (околу 1,8 милијарда долари) во јапонскиот осигурител „Токио марин“ (Tokio Marine Holdings Inc.), со што ја зголемува својата изложеност на јапонскиот пазар.
Подружницата на „Беркшир“, НИК (National Indemnity Company), ќе оствари стратешко вложување од 2,49 отсто во „Токио марин“, се наведува во соопштение од понеделникот. Двете компании ќе соработуваат во реосигурувањето и глобалните вложувања, вклучувајќи и спојувања и преземања.
Овој потег ја истакнува зголемената амбиција на „Беркшир“ во Јапонија, каде што пред околу шест години, под водство на Ворен Бафет, објави дека инвестирала во најголемите трговски компании во земјата. Бафет во годишното писмо до акционерите посочи дека компанијата се обидува „со текот на времето“ да го зголеми сопствеништвото во петте најголеми јапонски трговски компании.
Прочитај повеќе
„Беркшир“ го намалува уделот во „Амазон“, инвестира во „Њујорк тајмс“
Ворен Бафет повторно купува: „Беркшир“ скрати во „Амазон“, инвестираше во „Њујорк тајмс“ и ги зголеми уделите во енергетиката и осигурувањето.
18.02.2026
Бери, Бафет, Далио и Вуд: Каде ќе бевме денес ако ги следевме стратегиите на инвестициските легенди?
Следењето на „боговите на финансиите“ е како возење преку гледање во ретровизор: јасно можете да видите каде биле, но немате поим каде вртат додека ги читате нивните квартални извештаи.
19.02.2026
Бафет си заминува, принципите остануваат: 5 лекции за инвестирање од Пророкот од Омаха
Ворен Бафет формално се пензионира од бизнисот, со што завршува една од најдолгите и најуспешни инвестициски кариери во модерната историја. По шест децении на чело на „Беркшир Хатавеј“, Грег Абел го презема оперативното управување на компанијата.
14.01.2026
На што се подготвува Ворен Бафет? Го анализиравме неговото портфолио
Милијардерот Ворен Бафет држи рекордни 344 милијарди долари кеш во „Беркшир Хатавеј“, но големината и скапите пазари ја ограничуваат потрагата по нови инвестиции.
22.08.2025
Најновата инвестиција покажува дека „Беркшир“ сака да обезбеди удел во успешниот јапонски осигурителен сектор, пазар што станува сѐ попривлечен за странски компании. ККР (KKR & Co.), АГМ (Apollo Global Management Inc.) и други големи меѓународни играчи презедоа чекори за проширување во секторот животно осигурување, придружувајќи им се на бранот странски компании што сакаат да ги искористат зголемените можности во Јапонија.
„Партнерството со ‘Беркшир’ веројатно ќе обезбеди предност преку користење на глобалната експертиза за проширување на опсегот на бизнисот пред другите“, изјави Икуо Мицуи, фонд-менаџер во компанијата „Аизава“ (Aizawa Securities Co).
„Токио Марин“ е најголемата јапонска осигурителна компанија во секторот неживотно осигурување.
Спогодбата значи дека „Токио марин“ ќе може да ја користи НИК како опција за реосигурување без ограничување на типот на осигурување, изјави портпаролот Мицуихиро Изу, додавајќи дека иницијативата за партнерство дошла од страна на „Беркшир“.
Партнерството ќе трае десет години, а во првите пет години ниту „Беркшир“ ниту „Токио марин“ нема да можат да склучуваат слични договори со конкуренти, додаде Изу.
„Беркшир“ ќе купи околу 1,8 милијарда долари државни акции што ги држи „Токио марин“, а јапонската компанија потоа ќе одговори со откуп на истиот износ постојни акции (buyback). Доколку „Беркшир“ купува дополнителни акции, веројатно тоа ќе го направи на отворениот пазар, се наведува во соопштението на „Токио марин“.
Американската компанија исто така соопшти дека нема да го зголеми својот удел над 9,9 отсто без одобрување од управата на „Токио марин“.
Сѐ поголемиот интерес на „Беркшир“ за Јапонија како инвестициска дестинација е проследен и со собирање средства во земјата. Кон крајот на минатата година американската компанија собра нешто повеќе од 210 милијарди јени (1,3 милијарда долари) преку издавање обврзници номинирани во јени, враќајќи се на пазарот на кој првпат настапи во 2019 година.
Бафет официјално се повлече од функцијата извршен директор на „Беркшир“ кон крајот на 2025 година. Неговиот наследник Грег Абел вети дека ќе ги зачува принципите и вредностите што му помогнаа на Пророкот од Омаха да ја претвори пропаднатата текстилна фабрика во конгломерат вреден еден трилион долари.