text size
Неделата што е пред нас ќе биде многу важна за светските берзи. Пред сè поради очекуваната одлука на Федералните резерви (ФЕД) на САД за следното зголемување на основната каматна стапка, која в среда ќе ја соопшти претседателот Џером Пауел. Во моментот, аналитичарите очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени.