text size
Новата недела не донесе промена во расположението на инвеститорите на американските берзи, каде што минатонеделната распродажба на акциите продолжи и во понеделникот. Индексот Dow Jones, кој во петокот падна на најниското ниво од ноември 2020 година, продолжи со падот и на почетокот на оваа седмица падна за дополнителни 1,1 отсто, на ниво од 29.260,81 поени на затворањето.